x

Amazon го развива својот прв куќен робот

Категорија: Занимливости Објавено на 24 Април, 2018 од GSM.mk

Компанијата Amazon започна проект за развој на својот прв куќен робот, кој ќе се вика Vesta, според римската божица на срцето, открива Bloomberg.

Тим на експерти го работи овој проект во лабораторијата Lab126, која е всушност хардверски центар на Amazon, во кој порано беа произведувани уредите Kindle, Fire, Phone и Echo.

Деталите околу изгледот и спецификациите на роботот на Amazon не се познати, но Bloomberg предвидува дека на роботот инструкции би му давала гласовна асистентка Алекса, која би им служела на корисниците во секојдневното информирање, организација и планови.

Роботот на Amazon наводно ќе има и вградени камери за навигација, а би можел да се најде во домовите на корисниците до крајот на годината.

Иако интересите на американската комерцијална компанија не се во потполност јасни, сигурно е дека сакаат да креираат робот кој ќе може да им биде конкурент на своите ривали на пазарот, како што се роботот на LG Hub Bot, роботот Jibo на компнијата Pixar или Kuri кој го произведе компанијата Mayfield Robotics.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.