x

Американците прекинаа да купуваат нови смартфони после iPhone X: Погодете зашто!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 24 Август, 2019 од GSM.mk

Околу 2017-та година се случи вистинската револуција кај смартфоните. Почнаа да се појавуваат нови модели кои дефинитивно ги одделија уредите од средната класа со премиум уредите..

Со претставувањето на iPhone X, Apple претстави неколку нови и уникатни карактеристики. Никој не ја побара Face ID функцијата, ниту новиот дисплеј со notch, но сето тоа наскоро стана новиот стандард.

Во моментот, една камера или 4GB RAM не се доволни, бидејќи на пазарот има смартфони со 12GB RAM/1TB меморија и најмалку три камери. Се разбира, екраните стануваат се поголеми, а рамките од страна се речиси невидливи. Но, корисниците се заситија и од ваквите промени. 

Додека на почеток беа возбудливи, сега веќе смартфон сопствениците се задоволуваат со поминимални уреди. Токму поради тоа, смартфон продажбата со тек на време почна да опаѓа. На пример, американиците остануваат со ист телефон многу подолго, во просек околу 33 месеци. Истотака, само 7% би дале повеќе од 1,000 долари за смартфон. Во однос на брендовите, најлојални се на Apple и Samsung, со LG и Motorola на трето и четврто место.

Americans stopped buying new phones when the X landed, guess why


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.