x

Android: Две апликации кои треба да ги избришете веднаш!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 23 Септември, 2019 од GSM.mk

Google отстрани две апликации од Play Store кои беа опасни за корисниците..

Станува збор за две апликации кои заедно имаа повеќе од 1.5 милион симнувања. Нивните креатори правеа пари преку рекламите кои се појавуваат во апликациите секој пат кога корисникот ќе кликне на една од нив. На прв поглед, ова не изгледа ниту опасно ниту чудно.

Но, при пуштање на овие реклами, апликациите всушност преземале дел од информациите на корисникот и и наштетувале на батеријата. Ваквиот проблем бил откриен од безбедностната фирма Wandera. Една од нив била Sun Pro Beauty Camera  со повеќе од милион симнувања, а другата Funny Sweet Beauty Selfie Camera апликација имала околу 500 000 симнувања. 

These two apps turned out to be adware and were removed by Google after 1.5 million installs combined - Uninstall these two Android apps now!

Откако инцидентот бил пријавен, официјално од 11 септември апликациите биле избришани од Play Store. 

The comment section once again provided Android users with early warning - Uninstall these two Android apps now!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.