x

Android: Избришете ја оваа популарна апликација веднаш!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 21 Октомври, 2019 од GSM.mk

Пред неколку недели, Google отстрани голем број апликации од Play Store, но изгледа дека постојат уште многу повеќе кои може да бидат опасни за корисниците...

Минатиот месец беа отстранети повеќе од 15 Android апликации кои користеа скриени трикови и беа опасни за корисниците. Од голема важност беше корисниците да ги имаат избришано, бидејќи иако кога компанијата ќе ги отстрани нивната икона исчезнува, позадинското деинсталирање беше комплицирано.

Сега се појави уште една Android апликација откриена од американска фирма која има повеќе од 40 милиони симнувања, а се забележани "сомнителни трансакции" без знаење на сопственикот.

Името на апликацијата е Snaptube и им дозволува на корисниците да симнуваат видеа од YouTube кои потоа може да ги гледаат без интернет. Фирмата која ги забележала овие нерегуларности прекинала 20 милиони транскации кои изгледале сомнително. Доколку не биле прекинати, повеќе од 4.4 корисници би изгубиле вкупно околу 90 милиони долари за премиум сервиси кои не ги нарачале.

Затоа, доколку ја имате оваа апликација, отстранете ја пред да биде доцна.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.