x

Android отсега ќе ви кажува колку е брза Wi-Fi мрежата пред да се конектирате

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 24 Јануари, 2018 од GSM.mk

Новиот апдејт на Android, наречен Android 8.1 има неколку новости кои можат да се покажат како многу важни за корисниците на овој оперативен систем. Една од нив е новата опција која му дозволува на корисникот да провери колку е брза Wi-Fi мрежата..

Оваа опција ќе може да се најде во нагодувањата за безжична мрежа, и ќе покажува една од четирите брзини на мрежата: Многу брза, Брза, Океј или Бавна.

Разликата помеѓу Многу брза и Брза мрежа, според Google, ќе биде во тоа што со Многу брзата мрежа ќе можете да пуштите висококвалитетни видеа, додека Брзата мрежа ќе ви дозволи да пуштите видеа, но не со тој квалитет.

Повеќето кафетерии и јавни отворени мрежи ќе бидат означени со Океј мрежа, која е доволна за разгледување низ интернет, социјални мрежи, па дури и стримање на Spotify.

Што се однесува до приватните затворени мрежи, вашиот Android нема да може да ви покаже колку е брза мрежата бидејќи тие се заклучени со лозинка и Google не може да ги тестира. Сепак, и понатаму ќе може да се детектира јачината на нивниот сигнал.

Новиот апдејт на Android е повеќе од само нови емоџи и поубав интерфејс. Android 8.1 носи со себе многу новитети кои можат да се покажат како практични и корисни за редовните корисници.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.