x

Android со апликација против Apple!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 21 Септември, 2015 од GSM.mk

Минатата недела, Apple го направи незамисливото и ја лансираше својата прва апликација за Android. Сепак, работите не тргнаа во очекуваниот правец...

Апликацијата, наречена Move to iOS, беше наменета за оние Android корисници кои сакаат да купат iPhone или iPad, а со тоа да се префрлат на оперативниот систем на Apple. По краткиот престој на Play Store, апликацијата доби огромен број на негативни рецензии со една ѕвезда, докажувајќи ја љубовта на корисниците кон Android. 

Сепак, дваја програмери, Jonathan Schiffner и Matthias Miro, решија да го возвратат ударот на различен начин. Тие развија апликација наречена Stick with Android, која е многу едноставна и веќе има високи рецензии.

Апликацијата се состои од зелена позадина и само едно копче, кое го кликате за да „останете“ на Android. Потоа, ќе ви се појави известување - Congratulations, you did it!

Stick with Android веќе има над 5,000 рејтинзи со 5 ѕвезди и само околу 100-тина рејтинзи со една ѕвезда. Со рејтинг 4.9/5, ова е една од највисоко рангираните апликации на Play Store.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.