x

Angry Birds се враќа на Android и iOS

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 19 Април, 2022 од GSM.mk

Играта не беше достапна за мобилни уреди веќе некое време, бидејќи Rovio се фокусираше на поновите производи на Angry Birds. Сепак, Angry Birds се враќа на Android и iOS платформите.

Токму навреме за да се прослави десетгодишнината од играта, оригиналната Angry Birds се враќа во Apple App Store и Google Play Store. Оригиналната игра беше тивко повлечена од продавниците за мобилни апликации во текот на 2019 година.

Angry Birds сега се враќа како комплетен римастер, со наслов Rovio Classics: Angry Birds. Ажурираната верзија на играта е близок клон на оригиналната игра, но наместо сопствен и прилагоден енџин, користи Unity.

Angry Birds на App Store и Google Play продавниците чини 0,99 долари. Оригиналната игра беше бесплатна, но имаше купувања во апликација. Новите Angry Birds го немаат тоа, така што „Mighty Eagle“ и другите додатоци се достапни веднаш и не мора да ги купувате дополнително.

Играта е достапна за преземање од споменатите продавници за апликации, а за да се стартува потребен е Android 6.0 или понова верзија или iOS 13 или понова.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.