x

Апликации кои ви се потребни ако сакате да патувате

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 25 Април, 2018 од GSM.mk

Бидејќи живееме во време кое е диктирано од технологијата, за да отидете на патување повеќе не е доволно само да се спакувате и да го понесете пасошот, туку морате и да ги имате потребните апликации кои ќе ви овозможат полесно да се снајдете во патувањето

Апликациите треба да ви помогнат во патувањето, да ви овозможат да ги посетите најдобрите места без да се изгубите, но најважно од сѐ, тие треба да ви обезбедат подолго време за одмор. Затоа, тука сме да ви препорачаме неколку апликации за iOS и Android без кои не би требало да тргнете на патување.

WhatsApp

Оваа апликација служи како комуникациска алатка и сметаме дека веќе знаете за што се работи. Она што ја одвојува WhatsApp од сите останати апликации за комуникација е стабилноста на конекцијата и енкриптирањето на пораките, две работи кои се многу важни доколку знаете дека во времето додека патувате ќе бидете поврзани на Wi-Fi мрежа на некое од локалните кафулиња. WhatsApp е достапна за iOS и Android.

Google Maps

Ако сте корисник на iPhone, конечно можете да ѝ кажете збогум на Apple Maps и да се префрлите на многу подобрата алтернатива, Google Maps. Причината поради која треба да ја имате апликацијата Google Maps во вашиот телефон треба да ви е добро позната – таа ќе направи да не се изгубите во непозната земја. Таа е достапна за iOSи Android.

TripAdvisor

Иако голем дел од луѓето користат Yelp за да дојдат до совети за тоа каде треба да престојуваат, што треба да посетат и каде треба да јадат, сепак TripAdvisor е визуелно многу подопадлива и попрегледна од Yelp, па затоа ја препорачуваме неа. Тука можете да прочитате многу совети и коментари од луѓе кои претходно ги посетиле местата на кои сакате да одите, па така полесно ќе го испланирате времето. TripAdvisor е достапен на iOS и Android.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.