x

Apple: 65 проценти од iPhone и iPad уредите работат на iOS 11, a 30 проценти сеуште на iOS 10

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 21 Јануари, 2018 од GSM.mk

Apple ги сподели статистичките податоци за адаптацијата на iOS 11, во споредба со претходните верзии на оперативниот систем..

Според Apple, 65% од iPhone и iPad уредите работат на iOS 11, а 28% на iOS 10. Само 7% работат на некоја друга, постара верзија. Овие бројки биле измерени од App Store на 18 јануари. 

Добрите вести се што бројките во иднина ќе растат, бидејќи се повеќе корисници ќе почнат да ја користат новата верзија од оперативниот систем. За споредба, пред точно една година Apple изјави дека 76% од iPhone и iPad уредите работеле на iOS 10, која тогаш беше најновата платформа. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.