x

Apple ги помати сметките на Samsung: Корејскиот гигант има вишок OLED дисплеи

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 22 Февруари, 2018 од GSM.mk

Медиумите и аналитичарите од областа на технологијата ја пренесоа информацијата дека Apple го почнал процесот на намалување на првично планираното производство на смартфони iPhone X за околу 50%.

Како последица на одлуката на Apple, има вишок на OLED екрани што Samsung Display, фирмата-ќерка на корејски Samsung, нема да може да ги испорача.

Заради тоа Samsung Display наводно е во потрага за нови купувачи заинтересирани за вишокот OLED екрани.

Повеќето производители засега не сакаат во своите смартфони да вградуваат OLED екрани, туку се потпираат на значително поевтините LCD панели што имаат и до 40% пониска цена.

Поради тоа, постои можност Samsung Display да забележи помали приходи на пазарот, каде јужнокорејската компанија најголема конкуренција има од кинеските производители, како и од домашниот ривал LG Display.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.