x

Apple ги претстави новите iPhone 13 модели

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Септември, 2021 од GSM.mk

Apple вчера официјално ги претстави новите iPhone модели iPhone 13 mini, iPhone 13, iPhone 13 Pro и iPhone 13 Pro Max.

Новите iPhone 13 Pro и iPhone 13 Pro Max имаат побрз графички процесор, подобрен хардвер на камерите и најважното - првиот ProMotion дисплеј на iPhone.

ProMotion е новиот дисплеј на iPhone кој може да може да „врти” со ниска фрекфенција на освежување на дисплејот од 10Hz, до висока од 120Hz. Големината на дисплеите остана иста - 6.1 кај iPhone 13 Pro и 6.7 кај iPhone 13 Pro Max.

Apple заглави на камери со 12 мегапиксели резолуција. Но, ги подобрува сензорите, леќите и процесирањето на фотографиите. Главната камера има сензор со импресивна големина на пикселите од 1.9µm и бленда од f/1.5. За споредба, 12 Pro Max имаше 1.7µm пиксели и f/1.6 бленда. Или во превод, ова значи дека во услови на слабо осветлување, новиот модел може да фати 2,2 пати повеќе светло.

На ред е новиот Apple A15 Bionic чипсет, кој е направен од 15 милијарди транзистори (А14 имаше 11,8 милијарди). Ја задржува 2+4 CPU структурата со две големи јадра, а Apple се фали со „50% побрз од водечките на конкуренцијата”. GPU сега има 5 јадра.

Pro моделите ќе бидат достапни во Graphite, Gold, Silver и новата Sierra Blue бои. Рамката на куќиштето е нарпавена од нерѓосувачки челик, задната страна е мат стакло, а леќите на камерите се покриени со сафирно стакло.

iPhone 13 mini и iPhone 13 имаат А15 Bionic процесор. Дијагоналата на екранот останува непроменета - 5,4 инчи за iPhone 13 mini и 6,1 инчи за iPhone 13. Панелите поддржуваат Dolby Vision, HDR10 и HLG стандарди.

iPhone 13 mini и iPhone 13 имаат две камери од задната страна поставени дијагонално - главната има сензор од 12 мегапиксели и 26mm f/1.6 леќа. Втората камера е широкоаголна f/2.4 со сензор од 12MP. Напред е 12MP TrueDepth селфи камерата.

Новите iPhone модели ќе бидат достапни за преднарачки од петок, 17 септември, а испораките почнуваат од 24 септември.

Аpple не објави спецификација на батеријата, но ветува 2,5 часа и 1,5 часа повеќе време на издржливост во споредба со претходните модели.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.