x

Apple ги претстави новите компјутери Silicon Mac

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 12 Ноември, 2020 од GSM.mk

Apple ги претстави Silicon Mac компјутерите, првите Mac уреди со свој процесор. Беа најавувани долго време, а сега конечно пристигнаа.

Претставени се MacBook Air и MacBook Pro со дијагонали со екран од 13 инчи, како и MacBook Mini. Новиот процесор за лаптопите го произведе самата компанија Apple, а се вика M1.

URL

Претставен е и новиот MacBook Air, најтенкиот досега. Дијагоналата на екранот е 13,3 инчи, а е побрз до 3 пати повеќе од претходниот модел. Од компанијата Apple тврдат дека станува збор за компјутер кој има одлична батерија, која може да трае до 18 часа.

Ќе чини 999$, a нема да има вентилатор.

Го претставија и MacBook Mini кој е трипати повеќе побрз од претходникот. Ќе има USB A, Ethernet, HDMI 2.0 и останати важни влезови.

Цената на овој уред ќе биде 699 долари.

MacBook Pro со дијагонала од 13 инчи беше третиот уред кој е претставен вчера.

И овој лаптоп го придвижува М1 и е трипати побрз од претходниците.

Батеријата ќе му трае и до 20 часа. Цената на овој уред е 1299$.


Извор: kajgana.com


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.