x

Apple го награди тинејџерот кој го откри безбедносниот пропуст на FaceTime

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 12 Февруари, 2019 од GSM.mk

Американскиот тинејџер кој го откри безбедносниот пропуст во апликацијата за видеоповици FaceTime на Apple, доби награда од компанијата.

Apple не откри колкав износ добил 14-годишниот Грант Томпсон, но се смета дека се работи за сума што ќе му помогне во образованието.

Тинејџерот го откри багот што овозможуваше привремено прислушување на примачите на групен FaceTime повик.

Наградата ја доби откако еден безбедносен експерт одби да го открие багот бидејќи не била понудена награда.

Информациите за постоењето на багот се појавија во јануари. Беше откриено дека некои корисници на Apple уреди можат тајно да ги прислушуваат луѓето преку FaceTime иако не го примиле повикот.

Apple тоа го сфати како сериозен проблем и ја исклучи опцијата за групни повици додека траеше истрагата и се наоѓаше решение.

Томпсон им пратил на Apple неколку мејлови и други пораки во кои им укажува на багот.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.