x

Apple го откри датумот на претставување на iPhone 11 серијата!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 17 Август, 2019 од GSM.mk

еден месец пред официјалното претставување, Apple го сподели датумот кога ќе се запознаеме со уредите од новата iPhone серија:

Според фотографија споделена од iOS 13 оперативниот систем, датумот на претставување на iPhone 13 ќе биде 10 септември. Иако месецот не е напишан на сликата, овој датум соврешно се поклопува со претходните датуми на најавување на iPhone уредите. Истотака, станува збор за сличен screenshot како оној кој се појави претходната година за iOS 12 и го откри најавувањето на iPhone XR и XS. 


Додека iPhone 11 серијата ќе биде најавена во вторник, нарачките ќе започнат неколку дена подоцна, на 13 септември во петок. Официјално, уредите ќе бидат достапни од 20 септември. 

Истовремено, според фотографија од iPadOS 13, на истиот датум Apple ќе претстави и нов 10.2 инчен iPad. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.