x

Apple го потврди новиот MacBook!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 31 Јули, 2020 од GSM.mk

Новиот документ на Apple официјално потврди дека наскоро ќе пристигне новата верзија од MacBook..

Информациите потврдуваат нов лаптоп кој ќе има батерија од 4380 mAh. Оваа батерија е значително помала од батериите на останатите MacBook уреди. На пример, 16 инчниот MacBook Pro има батерија од 8000 mAh, додека 13 инчниот MacBook Air има батерија од 5000 mAh.

За жал, повеќе карактеристики не се познати за уредот, ниту кога ќе биде претставен. Се очекува да има дисплеј со големина меѓу 13 и 16 инчи. Според капацитетот на батеријата, најверојатно ќе станува збор за буџетски лаптоп.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.