x

Apple го претстави iOS 12: Виртуелна реалност и многу повеќе

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 06 Јуни, 2018 од GSM.mk

Гигантот Apple вчера го претстави новата верзија на оперативниот систем iOS на Worldwide Developers Conference. Виртуелна реалност, ARKit 2, подобрувања во системот на споделување и измени во начинот на работа се само дел од новите карактеристики на iOS 12

Со новиот iOS 12 уредите како iPhone и iPad ќе добијат пристап до виртуелна реалност.

Апликацијата Measure на новата верзија на iOS ќе ви овозможи да измерите 3Д објекти во вистинскиот свет. Корисниците ќе треба само да притиснат на екранот и уредот ќе ги измери во 3Д. Апликацијата Photos исто така добива нови карактеристики, па сега ќе може да ви понуди опција за споделување со луѓето кои се наоѓаат на сликата. Воглавно, овие работи ги видовме на Google Photos, но сепак возбудливо е што истите работи конечно ги добиваме за iOS.

Уште неколку новости пристигнуваат со iOS 12, а една од највпечатливите е апликацијата Shortcuts, која ќе овозможи полесен пристап до Siri и нејзините препораки и совети. Новата апликација наречена CarPlay ќе им помогне на возачите да стигнат до посакуваната дестинација, иако таа нема да работи самостојно туку ќе користи податоци од апликации како Google Maps и Waze.

Apple силно верува во виртуелната реалност (AR), па новиот iOS 12 ќе ја има опцијата за правење лични Animoji, емоџи со ликот на корисникот. Оваа нова опција се нарекува Memoji и ќе има неколку различни ефекти, модификации, како и анимации.

Останатите подобрувања на iOS 12 се фокусираат на перформансот на уредите, па така сега апликациите ќе се вклучуваат 40% побрзо, тастатурата ќе биде 50% побрза и камерата ќе се отвора 70% побрзо отколку кај старите уреди.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.