Apple го претстави редизајнираниот iMac
Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 23 Април, 2021 од GSM.mk
Компанијата Apple го претстави редизајнираниот iMac.

Новиот iMac доаѓа со М1 процесор, тенок екран и куќиште со различни бои. Од Apple тврдат дека iMac е дизајниран за да биде идеален за процесорот M1.
Apple за новиот iMac одбра 24-инчен 4,5К екран. Задната страна на екранот не е заоблена туку е рамна.
Камерата е подобрена и сега има поголем сензор и резолуција од 1080p, a вграден е и подобар микрофон.
Основниот модел iMac чини 1.299 долари, а некои бои се резервирани за поскапиот модел кој чини 1.499 долари. Продажбата почнува во втората половина на мај, а нарачките ќе се примаат од 30 април. На располагање се 7 бои.
Извор: kajgana.comПреземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.