x

Apple го враќа на пазарот најпопуларниот модел на iPhone

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 05 Април, 2019 од GSM.mk

Ако сте фан на моделот iPhone SE, тогаш имаме добри вести за вас. Apple подготвува нова верзија на iPhone кој на многу начини потсетува на моделот SE, кој до ден денес се смета за омилениот уред од оваа компанија.

Фотографиите и рендерите кои протекоа синоќа покажуваат мал, компактен нов уред кој би требало да пристигне на пазарот наредната година.

Новиот извештај кој стигнува од DigiTimes ни го покажува новиот iPhone кој е планирано да се појави на пазарот во 2020 година. Порталот пренесува дека Apple има намера да претстави нов и многу помал модел на iPhone во не многу далечната иднина.

Моделот за кој пишува DigiTimes има екран со големина од 5,42 инчи – значително помал од било кој друг актуелен модел на iPhone на пазарот. Со новиот дизајн на телото на новите генерации на iPhone, како и со одземањето на копчето Home на предниот дел, тој ќе биде само половина инч поголем од моделот iPhone SE.

Овој мини iPhone ќе има OLED дисплеј со технологија на допир како Y-Octa на Samsung или TOE Touch на LG. Со оглед на најавите, изгледа дека иако овој телефон ќе биде мал, сепак нема да биде воопшто евтин.

Со оглед на помалку инвентивниот и не толку амбициозен дизајн на моделите на Apple за 2019 година, веројатно 2020 ќе биде годината кога моделите на iPhone ќе станат повторно главна тема на разговор.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.