x

Apple iPhone 8S пристигнува во 2020 година со нови спецификации и дизајн!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 20 Април, 2019 од GSM.mk

Apple планира да претстави неколку нови смартфони до крајот на годината, но истовремено подготвува и нова, обновена верзија од iPhone 8..

Според информациите, новиот уред ќе биде сличен модел на  iPhone 8, како што беше iPhone SE за iPhone 5/5S. Ќе доаѓа со истиот 4.7 инчен LCD панел како iPhone 8 и ќе биде првиот смартфон на Apple со подебели рамки и физичко Home копче од 2017 година.

Во однос на другите спецификации, ќе има една камера на задната страна, која ќе доаѓа со нови функции и подобар квалитет - iPhone 8S ќе ja "позајми" главната камера на iPhone Xl. Во внатрешноста, ќе се наоѓа A13 процесор, заедно со 128GB меморија.

Сега за сега, најавувањето на iPhone 8S е закажано за оваа година, но официјално ќе биде достапен во 2020. Цената ќе биде околу 650 долари.

Откако ќе биде претставен во 2020 година, iPhone линијата на Apple ќе изгледа отприлика вака:

  • iPhone XI Max - $1,099
  • iPhone XI - $999
  • iPhone XS Max - $999
  • iPhone XS - $899
  • iPhone XR2 - $799
  • iPhone XR - $649
  • iPhone 8S - $649
  • iPhone XE - $599
  • iPhone 8 Plus - $599
  • iPhone 8 - $499
  • iPhone 7 Plus - $469
  • iPhone 7 - $399

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.