x

Apple: iPhone X, 8 и 8 Plus со значително помала продажба од нивните претходници!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 23 Јануари, 2018 од GSM.mk

Според статистичките податоци направени на AT&T, Verizon и Sprint, новите iPhone модели имале значително помала продажба од минатите iPhone уреди..

iPhone 8, 8 Plus и iPhone X претставуваат 61% од целосната iPhone продажба за последната четвртина од 2017 година, додека минатогодишните iPhone 7 и 7 Plus учествуваа со 72% во истиот период кога беа претставени.

Во последниот период од 2017, iPhone 7 и 7 Plus учествувале со 25% од iPhone продажбата, а iPhone 6s и 6s Plus со 8%. Револуционерниот iPhone X зафатил 20% од продажбата во периодот од октомври до декември. Едната можна причината поради слабата продажба на iPhone X е неговото задоцнето претставување. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.