x

Apple iPhone XI моделите ќе доаѓаат со нова Underwater Mode опција

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 09 Март, 2019 од GSM.mk

Со претставување закажно за во септември, информации за новите iPhone модели веќе започнаа да се појавуваат на социјалните мрежи и останатите веб-страни..

Најпрво, повторно очекуваме три нови модели. Apple ќе претстави 5.8 инчен iPhone XI модел, поголем 6.4 инчен  iPhone XI Max модел и 6.1 инчен iPhone XR (2019). Постоеа различни мислења во однос на тоа дали сите три модели ќе имаат OLED панел. Според Kuo, двата премиум уреди ќе имаат OLED екран, додека буџетската верзија ќе доаѓа со LCD панел. Истотака, моделите со OLED екран ќе имаат и три камери на задната страна, благодарение на новододадениот Time of Flight (ToF) сензор.

Покрај панелите и новите камери, изгледа дека смартфоните ќе вклучуваат уште неколку уникатни опции. Станува збор за т.н Underwater Mode - опција која ќе им дозволува на корисниците да го користат својот iPhone под вода. Со други зборови, екранот ќе работи и ќе реагира на допир, иако се наоѓа под вода. На овој начин, корисниците ќе можат да го користат својот смартфон дури и кога врне, без никаков проблем.

За оваа година, не очекуваме Apple да се придружи на Samsung, Huawei или Oppo, претставувајќи уред на преклопување. Истотака, од компанијата очекуваме да го претстави својот прв 5G смартфон дури во 2020 година.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.