x

Apple ја отвори првата продавница што плови на вода

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 24 Септември, 2020 од GSM.mk

Сингапурскиот залив Марина Беј е познат по иновативната архитектура, а благодарение на Apple на оваа локација сега се наоѓа уште еден објект со креативен дизајн. Станува збор за Apple Marina Bay Sands – првата Apple продавница во светот што плови на вода.

My Modern Met пишува дека продавницата на вода е дизајнирана од архитектите од компанијата Foster+Partners.

Оваа градба е инспирирана од римската архитектура. Продавницата е направена од стакло при што нуди прекрасен поглед на градот. Ентериерот е исполнет со мебел од дрво.

До продавницата се стигнува преку подводен тунел кој е долг 45 метри.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.