x

Apple ќе ги заменува оштетените iPhone 6 Plus уреди со iPhone 6s Plus во март!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 22 Јануари, 2018 од GSM.mk

Од јануари до март, Apple ќе ги заменува оштетените iPhone 6 Plus единици, со нови, iPhone 6s уреди..

Дел од корисниците кои имаат проблеми со iPhone 6 Plus уредите, ќе добијат целосна замена од Apple со нови iPhone 6s Plus единици. Бидејќи компанијата повеќе не ги произведува iPhone 6 и 6 Plus телефоните, оние кои сакаат да ја искористат шансата да ги заменат батериите за 29 долари, многу тешко може да стигнат до потребните делови.

Поради големата побарувачка за замена на батериите на iPhone 6 и iPhone 6 Plus, бидејќи Apple најверојатно ги нема потребните делови, компанијата решила целосно да почне да ги заменува со нови iPhone 6s уреди. Заменувањето ке трае до март. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.