x

Apple ќе ја намали продажбата на новите iPhone модели, зголемено производство на iPhone 8 и 8 Plus

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 14 Ноември, 2018 од GSM.mk

Откако се појавија првичните изјави дека продажбата на новите iPhone модели не оди добро како што било очекувано, сега се појавија нови информации дека компанијата всушност драстично ги намалила нивните нарачки..

Според Longbow Research, Apple го има намалено производството за iPhone XS Max and iPhone XR за 20% до 30%. Од друга страна, нарачките за iPhone 8 и 8 Plus, како и уште неколку постари модели се зголемени.

Во идниот период се очекува iPhone XR да учествува со 39% во целосната продажба на iPhone модели - драстично намалување од претходно предвидените 47%. Истовремено, главниот снабдувач на Face ID технологијата на Apple, компанијата Lumentum, истотака ги има намалено предвидувањата за профит во идниот период. 

Иако намалувањето на нарачки не е толку чуден чекор, инвеститорите сметаат дека компанијата ја очекува лош период. Акциите на Apple се намалени за повеќе од 9 долари ова утро, преминувајќи под границата од 200 долари, прв пат после неколку месеци. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.