x

Apple ќе користи сопствена 5G антена за новите модели на iPhone

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 16 Февруари, 2020 од GSM.mk

Apple во есен ќе го претстави својот прв iPhone кој поддржува 5G мрежа.

Компанијата Apple го подготвува iPhone 5G со Qualcomm X55 модем, но се појавија извештаи кои пишуваат дека американската компанија ќе ја ограничи својата зависност од Qualcomm и сака да користи сопствена 5G антена.

Проблемот наводно е во големината на антената QTM525 на Qualcomm, особено антената за брзата mmWave верзија на 5G мрежата која е преголема за тенкиот профил на новиот iPhone на Apple.

Поради тоа Apple развива своја антена која повеќе ќе одговара на дизајнот на iPhone.

На мобилите кои ја поддржуваат 5G технологијата им се потребни неколку mmWave антени за да осигураат добра поврзаност.

Уште не е сигурно дека Apple ќе ги користи сопствени 5G антени затоа што размислуваат за два дизајна- потенка антена од Apple и подебела од Qualcomm.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.