x

Apple ќе претстави iPhone со три камери на задната страна!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 09 Мај, 2018 од GSM.mk

Според новите гласини, Apple планира да претстави iPhone со три камери во 2019 година..

Најновите модели на компанијата, iPhone 8 Plus и iPhone X вклучуваат дуален систем камери, додека iPhone 8 има само една камера. Според новите информации, ова ќе се смени следната година. 

Наводно, Apple планира да претстави модел со три камери на задната страна во 2019 година, кој ќе биде следбеник на сеуште ненајавениот iPhone X Plus. Повеќе информации за карактеристиките на камерите не се достапни, но според претходни гласини најверојатно ќе станува збор за 12 мегапикселен сензор, со оптичка стабилизација и 5x зум - исто како новиот смартфон на Huawei, P20 Pro. Но, какви нови функции ќе нуди третата камера сеуште не е познато. Можеби ќе биде слична монохроматска леќа како онаа која ја користи Huawei, или пак ќе претстави целосно нов сензор кој ќе се разликува од конкуренцијата. 

Како и да е, сеуште е рано и плановите на компанијата може да се променат. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.