x

Apple: Над 1 милијарда активни уреди во светот!

Категорија: Новости // Бизнис Објавено на 30 Јануари, 2016 од GSM.mk

Покрај лошата вест дека продажбата на iPhone за првпат во историјата забележува пад, Apple објави една интересна информација. Според статистиките, над 1 милиони уреди од овој бренд се користат во светот...

Да појасниме, ова ги опфаќа сите уреди на компанијата, вклучувајќи iPad, iPhone, iMac, Macbook Pro, Apple TV, Apple Watch и уште многу останати. Бројката е навистина импресивна, бидејќи најчесто Apple се смета како компанија која продава помал број на производи, но со далеку повисоки маргини од конкурентите.

Во ноември 2014-та година, Apple објави дека има продадено над 1 милијарда iOS уреди, што значи дека конвертира се повеќе и повеќе фанови. Главното прашање е - колку има простор да се расте?

Apple производите секогаш биле во премиум сегментот, а таа публика е ограничена. Засега, единствениот начин да се зголеми драстично продажбата е да се направат телефони и таблети од средна класа, нешто кое Apple го проба со критикуваниот iPhone 5c.

Дали вие би купиле iPhone 6c, доколку постои?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.