x

Apple наредната година ќе го претстави најголемиот iPhone во историјата

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 30 Ноември, 2019 од GSM.mk

Компанијата Apple во 2020 година можеби ќе го претстави најголемиот iPhone во историјата.

Јужнокорејската интернет страница ETNews објави статија во која тврди дека Apple наредната година ќе претстави три flagship модели на iPhone на настанот кој ќе се одржи во есен. Оваа информација пристигна од неименувани извори кои тврдат дека Apple ќе направи големи промени.

Моментално Apple има 6,1 инчен iPhone 11, 5,8 инчен iPhone 11 Pro и 6,5 инчен iPhone 11 Pro Max.

Наредната година најмалиот модел ќе биде 5,4 инчниот iPhone 12, средниот ќе биде со екран од 6,1 инчи, додека најголемиот од нив ќе биде 6,7 инчниот модел. Тоа е за инч помалку од iPad Mini.


Сите три модела ќе имаат OLED екран, a само едниот од нив ќе има чип кој ќе овозможи поврзување со 5G мрежа иако познатиот аналитичар Минг-Чи Куо претходно најави дека сите модели ќе поодржуваат 5G мрежа.

Смартфоните на Apple имаат тренд на раст со години наназад.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.