x

Apple нема да ги поскапува ајфоните

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 19 Август, 2018 од GSM.mk

Купертино, 18 август 2018 (МИА) - Пред една година Apple сериозно ги зголеми цените на паметните телефони, а iPhone X ја прескокна психолошката бариера од 1.000 долари.

Според анализата на „TrendForce“ компанијата од Купертино нема да се обидува да прави нешто слично оваа есен, барем во највисоката ценовна класа.

 Од изданието објавија дека релативно слабата побарувачка за јубилејниот модел доведе до одредено отрезнување кај раководството на Apple. Затоа ќе бидат понудени три различни уреди, кои исто така ќе бидат во различни ценовни категории.

Според прогнозите, 6.1-инчниот модел со LCD дисплеј ќе се продава во опсег 700-750 долари, што е малку над нивото на минатогодишниот iPhone 8.

Двата телефони со AMOLED екрани пак ќе бидат позиционирани ценовно околу iPhone X. Опцијата со 5.8-инчен панел ќе чини меѓу 900 и 950 долари и ќе биде поевтин од минатогодишниот предводник при неговата премиера.

Имено, 6.5-инчната верзија ќе биде достапна за 1.000 долари во својата основна верзија. Во овој случај, според „TrendForce“, целта на Apple е да не ги одбива дополнително корисниците со цена.

Другата интересна подробност е дека иглата Apple Pencil ќе биде компатибилна со најновите модели, што пак ќе ги претвори во директни конкуренти на Galaxy Note 9, кој се нуди за слична сума.

Според „TrendForce“ 6.1-инчниот модел со LCD дисплеј ќе се претстави најсилно и би требало да донесе околу 50 отсто од вкупната продажба на Apple.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.