x

Apple планира да претстави нов iPad!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 31 Јануари, 2018 од GSM.mk

Според добро информираниот Apple аналитичар Mark Gurman, компанијата планира да претстави нов iPad модел при крајот на годината..

Според Mark Gurman, при крајот на оваа година, Apple ќе претстави нов iPad модел, како и нов десктоп компјутер. Новиот таблет ќе доаѓа со променет дизајн, Face ID и подобрена 3D технологија за отклучување со лицето, која прв пат ја видовме кај iPhone X. 

Доколку новиот iPad содржи TrueDepth камера за Face ID, најверојатно ќе поддржува и портрет фотографии со селфи камерата, како и новите animoji-емотикони. 

The TrueDepth camera from the iPhone X might come to the new iPad in 2018


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.