x

Apple планира интегрирање на Beats во iTunes

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 27 Октомври, 2014 од GSM.mk

Продажбата на музиката преку iTunes минатата година за прв пат забележа пад, а претпоставките се дека тој тренд ќе продолжи. Стриминг сервисите се во подем, па тоа е причината поради која Apple го купи сервисот Beats...

Претпоставките се дека Beats следната година може да престане да пости како музички сервис, но затоа iTunes ќе добие нов сегмент во кој корисниците за одредена месечна претплата ќе можат да слушаат милиони песни.

Со моќната музичка позадина, Apple би можел без поголеми проблеми да ги увери своите корисници да се префрлат на стриминг сервисот, кој со тоа би станал конкуренција на водечките сервиси како Spotify, Rdio и Pandora.

Иако продажбата на музика е само еден мал дел од приходите на Apple, тоа е многу важен дел од комплетното нивно работење што не сакаат лесно да го препуштат на конкуренцијата.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.