x

Apple повеќе нема да објавува колку iPhone уреди продава

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 05 Ноември, 2018 од GSM.mk

Компанијата од Купертино во иднина во извештаите ќе наведува само податоци за приходите и заработката.

Apple го објави финансискиот извештај за четвртиот квартал од фискалната 2018 година, во кој се пофали за зголемување на приходите од 20% во однос на истиот квартал минатата година.

Компанијата исто така изјави дека повеќе нема да објавува податоци за бројки на продадени iPhone телефони, туку јавно ќе споделува исклучиво тоа што се применува на извештаите за продажба на Apple Watch часовниците. Поточно, само податоци за кварталните приходи и заработка без да се наведе количина на продадените уреди.

Новото правило освен за продажбата на iPhone ќе се применува и за други уреди. Ваквиот начин на претставување финансиски резултати не е ништо ново, Samsung тоа го прави веќе подолго време.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.