x

Apple призна пораз во Германија: Обновена продажба на iPhone 7 и 8 со нови Qualcomm процесори!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 24 Февруари, 2019 од GSM.mk

Иако битката меѓу Apple и Qualcomm е далеку од завршена, Qualcomm успеа да постигне неколку победи во Кина и Германија..

Наместо мал софтверски update, Apple работи на големи хардверски промени. iPhone 7, 8 и 8 Plus ќе се вратат на пазарот во Германија, но со значителни промени под хаубата. Според Wall Street Journal, Apple не најде никакво друго решение, освен да прекине да ги користи "Apple чиповите", со цел сите уреди да бидат достапни еднакво за сите корисници. 

iPhone 7 и iPhone 8 се веќе повторно достапни на официјалната веб-страна на Apple, но со нови Qualcomm чипови во внатрешноста. Од друга страна, новите iPhone XS, XS Max и XR се сеуште продавани со истите чипови со кои и беа првпат претставени. За среќа германска забрана за продажба на Apple уредите не важеше и за новите смартфони. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.