x

Apple работи на 10.2 инчен iPad 7!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 19 Март, 2019 од GSM.mk

На 25 март, Apple ќе одржи настан на кој ќе претстави неколку нови уреди, меѓу кои ќе бидат и новите iPad модели...

Станува збор за нов iPad Mini и следбеникот на минатогодишниот 9.7 инчен iPad модел. Досега, се зборуваше дека новиот уред ќе доаѓа или со ист 9.7 инчен панел, или со малку поголем панел, од 10 инчи. Според најновите информации, Apple планира да претстави 10.2 инчен "iPad 7", како и уште еден модел, со 10.5 инчен панел. Првиот од овие два ќе биде следбеник на минатогодишниот iPad, додека другиот ќе биде целосно нов модел, кој нема да го носи iPad Pro името.

Бидејќи доаѓаат со релативно мали разлики во големината на панелите, сега за сега сеуште не се познати плановите на компанијата за нивните внатрешни спецификации. Поголемиот од двата, ќе користи како еден вид уред кој ќе ја пополни разликата меѓу буџетските и премиум iPad Pro верзии.

Во моментот, цената на обичниот iPad е околу 329 долари, додека веќе застарениот iPad Mini 4 чини 399 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.