x

Apple работи на 4 нови iPhone модели!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 27 Јануари, 2018 од GSM.mk

Apple веќе работи на неколку iPhone прототипови, а аналитичарот Luke Lin има информации за нивните перформанси и спецификации..

Според Luke Lin, Apple работи на 4 iPhone модели, но само три од нив ќе бидат претставени. Уредите на кои работи компанијата имаат 5.8 инчен LCD дисплеј, 6.1 инчен LCD дисплеј, 6.1 инчен OLED дисплеј и 6.5 инчен OLED дисплеј. Lin изјави дека оној со 6.1 инчен OLED дисплеј нема да биде претставен.

Иако првичниот план на Apple бил да претстави два iPhone модели со OLED и два со LCD дисплеј, сепак до крајот на годината ќе се појават само три од нив - два со LCD и еден со OLED дисплеј. Истотака, моделите ќе вклучуваат безжично полнење и нова 3D технологија. 

Покрај нив, компанијата планира да претстави и нов iPhone SE уред, кој ќе се појави во мај или јуни. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.