x

Apple развива флип екран за iPhone

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 19 Јануари, 2021 од GSM.mk

Технолошкиот гигант Apple има дизајн што му овозможува да произведе мобилен со екран на преклоп, а во моментов развива прототип на ваков уред.

Конечната верзија на уредот веројатно ќе ја видиме дури по неколку години, но Apple работи на развој на прототип со намера да понуди еден сосема поинаков смартфон и да привлече клиенти на кои им е здодеано од уреди со поголеми екрани.

Целта на Apple е да развие телефон со „прилично невидлив преклоп“, кој ќе може да се преклопи и да има големина на iPhone 12 Pro Max. Овој модел, наводно, ќе биде достапен во неколку големини

И додека ривалите како Samsung и Motorola веќе користат флип екрани, Apple воопшто не зборува за својот уред со такво решение.

Претстојните модели на iPhone за оваа година ќе донесат „мали подобрувања“, кои првенствено се однесуваат на сензорот интегриран во екранот.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.