x

Apple сака да ве заштити од Facebook

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 14 Декември, 2018 од GSM.mk

Откако во текот на есента Apple неколкупати го нападна Facebook поради нарушување на приватноста на нивните корисници, сега отиде чекор понатаму и им подаде рака на сите корисници на оваа социјална мрежа..

Со години, најтајниот собирач на податоци на Facebook е копчето Like. Секој вебсајт кој сака да биде застапен на Facebook го има ова копче, што значи дека тоа е насекаде.

За копчето Like да работи како што треба, корисникот треба да биде логиран на Facebook, што значи дека треба да испрати сигнал кој ги содржи вашата локација и вашите податоци.

Дури и да не кликнете на копчето, Facebook знае кој и кога имал пристап до него. Ова е возможно преку делот од интернетот наречен cookies, кој ве следи во секој чекор, без разлика дали ќе ја изгасите страната и ќе отворите нова.

Apple денеска реши да обрне внимание токму на ова и да понуди решение кое во иднина би можело да ве заштити. Се работи за нивниот прелистувач Safari, кој ќе го ограничи пристапот на информации кои ги праќате. И да, додека Apple го презентираа новиот апдејт на сцената, директно го покажаа линкот „facebook.com“ како пример за новата опција, што дополнително долева масло во огнот кој се создаде помеѓу овие две компании.


Теоретски, оваа нова опција може да претставува голем ризик за Apple. Ако луѓето решат да го користат Facebook без разлика на опасноста, постои голема веројатност дека веднаш ќе го заменат Safari со Chrome или Firefox поради тоа што овие прелистувачи нема постојано да ги прашуваат и предупредуваат за споделување на податоците.

Но, сепак ова е чекор во вистинската насока, доколку сакаме да ја задржиме интернет безбедноста. Колку помалку податоци споделуваме на интернет, толку се поголеми шансите дека ќе се одбраниме од злоупотреба на истите тие податоци.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.