x

Apple се обидува да ги забрани апликациите кои го снимаат вашиот iPhone екран!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 15 Февруари, 2019 од GSM.mk

Apple сериозно ја сфаќа безбедноста и приватноста на своите iPhone и iPad корисници. Токму затоа, компанијата се обидува да ги открие апликации кои го снимаат вашиот екран и да ги отстрани..

Во изјава за TechCrunch, Apple откри дека веќе има најдено неколку компании кои работат против правилата за безбедност и приватност. Apple веднаш ги извести овие компании, кои доколку не ги преземат потребните промени, ќе бидат отстранети од App Store. 

Имено, голем број компании, користат дополнителни апликации кои служат за снимање на корисниците и начинот на кој тие "комуницираат" со своите iPhone апликации. Се разбира, без дозвола на самите корисници. Една ваква алатка е Glassbox, користена и од Android и од iOS. Освен Apple, Google сеуште нема преземено никакви активности за нејзина забрана.

Иако приватните информации се обично заштитени, при нивно внесување онлајн, како бројки од кредитни картички и лозинки, алатките како Glassbox ги снимаат. Apple го искажа своето мислење за ситуацијата и целосно ги забранува ваквите активности.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.