x

Apple со 91% од сите профити во мобилната индустрија!

Категорија: Новости // Бизнис Објавено на 16 Февруари, 2016 од GSM.mk

Во новите статистики на Fortune, јасно се гледа кој доминира во бизнисот на мобилни телефони. Иако Samsung поседува најголем удел, сепак Apple е вистинскиот победник...повторно.

Според статистиките, Apple поседува 17,2% од целокупниот пазар на паметни телефони, додека Samsung води со 23,9%. Сепак, и покрај тоа, 91% од вкупниот профит во индустријата припаѓа на Apple, додека пак Samsung е на второто место со 14%. Веројатно се прашувате, како е ова возможно, бидејќи збирот е 105%?

За разлика од Samsung и Apple, сите останатите компании (HTC, Microsoft, Lenovo, Sony) имаат загуби на пазарот. Мора да се дополни дека кинеските компании како Huawei, Xiaomi и ZTE не ги објавуваат своите профити јавно.

Според аналитичарите, профитот на Apple ќе продолжи да расте, особено со презентацијата на новиот и помал iPhone 5se.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.