x

Apple со разочарувачка продажба од 52.2 милиони iPhone уреди во периодот од јануари до март

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 02 Мај, 2018 од GSM.mk

Apple има продадено 52.2 милиони iPhone уреди во периодот од јануари до март, што не успеа да ја победи проценката на Wall Street, од 52.4 милиони.

За среќа, бројките се сеуште поголеми од минатогодишните 50.8 милиони продадени уреди за истиот период. Извршниот директор на Apple, Tim Cook, свесен за гласините за слабите продажби на iPhone X, изјави дека "корисниците го избирале iPhone X повеќе од било кој друг iPhone уред". 

И покрај изјавите на Tim Cook, компанијата ја сподели просечната продажна цена за уредот од 728 долари, наспроти предвидувањата од 740 долари. Тоа значи дека продажбата на телефонот била помала од очекувано. 

Истовремено, Apple има продадено 9.1 милион iPad уреди за истиот период, речиси исто со проценетата продажба од 9.17 милиони таблети. Производи како Apple Watch и HomePod звучникот донесоа приход од 3.9 милијарди, што е повеќе од очекуваната продажба од 3.7 милијарди. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.