x

Apple со своја Android апликација!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 17 Септември, 2015 од GSM.mk

Зар некој можеше да претпостави дека ќе го дочекаме овој ден? Оваа недела, Apple ја презентираше својата прва апликација за Android оперативниот систем.

Сепак, пред да избрзувате со заклучоци дека Apple се предаде, мора да напоменеме дека апликацијата е наменета за оние Android корисници кои сакаат да се префрлат на iOS уред (iPhone или iPad). Името на апликацијата е Move to iOS, а веќе е достапна за сите телефони со инсталирана Android 4.0 или понова верзија.

Процесот е едноставен - инсталирајте ја апликацијата на вашиот Android телефон или таблет, одберете ги податоците кои сакате да ги префрлите и потоа внесете го кодот на вашиот iPhone или iPad. Кога двата уреди ќе бидат поврзани преку Wi-Fi, трансферот автоматски ќе започне, вклучувајќи ги контакти, пораки, фотографии и видеа, историјата на вашиот веб-прелистувач, информациите во календарот, како и сите бесплатни апликации.

Единствената негативна работа се оние апликации што сте ги платиле - Apple ќе ги стави на посебна листа, но ќе мора повторно да ги купите за да ги симнете на вашиот телефон или таблет.

Апликацијата може да ја симнете на следниот линк.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.