x

Apple стана првата компанија која вреди илјада милијарди долари

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 05 Август, 2018 од GSM.mk

Технолошкиот гигант, Apple, стана првата компанија во светот, чија вредност изнесува илјада милијарди долари.

Вредноста на акциите на компанијата Apple порасна за 2,8 отсто, што беше доволно овој технолошки гигант да достигне пазарна вредност од илјада милијарди долари.

Уште од вчера, очите на светската инвестициона јавност беа вперени само во една компанија, односно во Apple. Стотици милиони луѓе го следеа движењето на акциите на компанијата, на која им беа потребни уште 207,5 долари, за да дојде до бројката од илјада милијарди долари.

Вкупно, акциите на Apple пораснаа за 22 отсто оваа година.

Овој успех изгледаше сосема нереален, кога во 1997 година оваа компанија се најде на раб од банкрот, а акциите вредеа помалку од еден долар. За да преживее, компанијата го врати својот поранешен коосновач, Стив Џобс, на позицијата привремен извршен директор.

Компанијата објави и дека во третиот квартал од својата фискална година, поточно од април па до крајот на јуни, успеа да заработи повеќе пари, благодарение на поголемите цени на iPhone телефоните.

Apple е технолошка компанија основана уште во 1976 година.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.