x

Apple: Тужба против компанија која продава виртуелен iPhone уред со iOS!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 20 Август, 2019 од GSM.mk

Apple наиде на неколку проблеми откако го почна новиот проект со кој сака да ја зголеми безбедноста на својот оперативен систем..

Имено, Apple сподели дека ќе дава неколку специјални iPhone модели на истражувачи чија цел ќе биде да најдат грешка во iOS системот и може да добијат награда од 1.5 милион долари за тоа. Оваа награда ќе припадне на оној кој ќе најде грешка во уредот која може потенцијално да му овозможи на хакер да преземе контрола врз уредот, без знаење на сопственикот.

За да им помогне на истражувачите да најдат грешка во iOS, компанијата Corellium реши да им понудува виртуелна верзија од iPhone и iOS системот веќе неколку години. Се разбира, на Apple не му се допадна тоа и поднесе тужба во случај наречен "директен начин на оштетување на високо заштитени авторски права".  Компанијата сподели дека без лиценца и дозвола, Corellium нуди виртуелна верзија од уредот на Apple.

Иако на прв поглед изгледа како Corellium да прави услуга на Apple со продавање на виртуелната верзија, компанијата сподели во својата тужба дека информациите и грешките најдени во системот потоа ги продаваат на други компании кои може да ги користат на негативен начин.

A Real Apple iPhone X and Corellium's virtual copy side-by-side - Apple sues company that sells a virtual iPhone complete with iOS


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.