x

Apple веќе нема да го произведува компјутерот iMac Pro

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 12 Март, 2021 од GSM.mk

Apple веќе нема да го произведува iMac Pro, нивниот најмоќeн компјутер.

Овој модел се продава за 4.999 долари и е достапен на веб-страницата на Apple, а ќе биде достапен додека да се продаде преостанатата залиха.

Во одговор за CNN рекоа дека веќе нема да го произведуваат iMac Pro чија продажба започна во 2017 година.

Компјутерот беше наменет за дизајнери, архитекти и инженери.

Од Apple се подготвуваат за производство на новиот iMac кое треба да започне оваа година, пишува Bloomberg.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.