x

Apple видеа: Се што може да правите со новите iPad Pro таблети!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 21 Април, 2019 од GSM.mk

Apple сподели неколку видеа на својот YouTube канал, споделувајќи ги способностите на новите iPad модели..

Најновите iPad Pro верзии доаѓаат со 11 и 12.9 инчен панел, вклучуваат Face ID и TrueDepth камери, како и  A12X Bionic во внатрешноста - најмоќниот процесор на Apple досега.


Првото видео покажува како iPad Pro, заедно со GarageBand апликацијата може да ви помогне да откриете интересни песни и звуци за само неколку моменти. Можете да снимате индивидуални звуци со повеќе од 32 песни, да ги уредувате и споделувате.



Второто видео покажува како може да организирате цела свадба, да испраќате електронски покани, користејќи различни апликации кои ги нудат таблетите. Истотака, моделите може да ви помогнат да ги планирате вашите патувања, користејќи ја Maps апликацијата.


Последното видео демонстрира како iPad Pro со Apple Pencil може да биде до вас цел ден, дури и кога не сте дома.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.