x

Apple Watch на мисија да спасува животи: Три нови функции со новата серија!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 12 Септември, 2019 од GSM.mk

Apple Watch серијата премина од експериментале производ во уред кој буквално спасува животи...

Со Apple Watch Series 4, компанијата претстави функции како fall-detection, afib (atrial fibrillation) проверки, па дури и ECG скенер. 

За време на претставувањето на новата серија, Apple најави дека голем дел од корисниците пријавиле како овие паметни часовници буквално го спасиле нивниот живот. Затоа, компанијата не планира да застане тука.

Apple Watch on a mission to save lives: Apple announces three new studies to transform personal health care

По успехот на Apple Heart Study програмата минатата година, Cupertino е повторно подготвен - овој пат со три нови програми. 

1-hearing-Study.png

Една од нив е Apple Hearing Study. Со неа и користејќи го микрофнот во Apple Watch, програмата ќе ја мери јачината на звукот и ќе ве извести доколку сте изложени на премногу децибели за предолго време. 

Потоа, има и нова програма за жени која ќе биде продолжение на веќе постоечката апликација, но со повеќе опции. Последно, ја има и Heart и Movement програмата која ќе ги користи фитнес информациите за подобро да го разбере здравјето на корисниците.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.