x

Apple Watch помогнал мајка и бебе да преживеат тешка сообраќајна несреќа

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 21 Февруари, 2018 од GSM.mk

SOS функцијата на Apple часовникот повторно се покажа колку може да биде корисна..

Овој пат, станува збор за сообраќајна несреќа, во која Kacie Anderson и нејзиниот 9 месечен син биле удрени од пијан возач. Автомобилот на мајката бил удрен толку силно, што таа претрпела мозочен удар, оток на мозокот и скинати мускули на вратот. 

"Во моментот кога нѐ удри се што беше внатре во автомобилот, отиде во воздух. Моето лице претрпе ужасен удар во воланот, потпирачот за глава, назад кон воланот, а потоа и кон прозорецот. Се онесвестив околу една минута и не можев да гледам. Очите ми беа широко отворени, но сѐ што видов беше црно. Моите раце летаа наоколу за да го пронајдам телефонот, а потоа сфатив дека го имам Apple часовникот и му наредив да повика 911." - изјави Kacie Anderson.
SOS командата на часовникот се вклучува преку едноставно држење на копчето од страна неколку секунди. Потоа, часовникот автоматски врти на 911. Благодарение на функцијата, Kacie и нејзиниот син се надвор од животна опасност. Kacie Anderson дури и напишала кратко писмо на Apple, во знак на благодарност.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.