x

Asus ROG Phone 2 ќе го има најбрзиот Android процесор досега!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 22 Јули, 2019 од GSM.mk

За втората генерација од своите гејмерски смартфони, Asus подготвува низа подобрувања и новитети..

Заедно со најавувањето на новиот процесор на Qualcomm, Asus истовремено ја најави втората генерација ROG телефони кои ќе доаѓаат со голем број промени. 

Најпрво, да започнеме со Qualcomm. Компанијата неодамна го претстави својот нов процесор, Snapdragon 855 Plus. Како што кажува самото име, овој процесор е подобра верзија од обичниот Snapdragon 855 и треба да обезбеди подобри, побрзи и помоќни перформанси.

Нормално, логично е најпрво да го видиме кај уред кој има голема потреба од ваков процесор - гејмерски уред. Затоа, Asus ROG Phone 2 ќе биде еден од првите телефони во светот кој ќе работи на Snapdragon 855 Plus.

За да се докаже неговата моќ, деновиве на Geekbench се појавија бенчмаркинг резултатите од процесорот. Според нив, постигна multi-core резултат од 11304, заедно со single-core од 3632. Со вакви поени, Snapdragon 855 Plus е најбрзиот Android процесор во светот. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.