x

Asus ROG Phone II ќе биде првиот телефон со Snapdragon 855 Plus!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 16 Јули, 2019 од GSM.mk

Гејмерските телефони доаѓаат со големи екрани, моќни процесори и брзи перформанси. Новиот уред нa ASUS ќе биде токму таков смартфон..

Станува збор за втората генерација ROG Phone смартфони. Овој уред ќе биде првиот смартфон во светот кој ќе доаѓа со Snapdragon 855 Plus процесор во внатрешноста. Предноста на овој процесор во однос на обичниот Snapdragon 855, кој се наоѓа во S10 серијата, се 15% подобрите графички перформанси и поголема брзина, од 2.84GHz на 2.96GHz.

Графичките подобри перформанси се главната карактеристика тука, бидејќи ќе овозможи побрзи перформанси, подобра графика и подобро гејмерско искуство. 

"Snapdragon 855 Plus ќе го подобри искуството за елитните гејмери со подобрување на CPU и GPU перформансите" - изјави извршниот директор на Snapdragon.

Датумот на претставување на Asus ROG Phone II сеуште не е познат, но го очекуваме наскоро. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.