x

Бенчмарк резултати на Huawei Mate 20 Lite: потврден процесор и 4GB RAM

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 18 Август, 2018 од GSM.mk

Деновиве постојано се зборува за новиот очекуван уред на Huawei, Mate 20 Lite. Додека пред некој ден ги дознавме целосните спецификации и дизајнот на смартфон, сега се појавија и неговите бенчмарк резултати

Почнувајќи од процесорот, станува збор за новиот Kirin 710. Благодарение на него, уредот постигна single-core резултат од 1598 и 4665 поени на multi-core тестирањето. Ваквите резултати го ставаат на исто ниво со процесорите на Qualcomm 600 серијата, но не се доволно за да ги стигне перформансите на Snapdragon 710. Покрај процесорот, според претходни информации беа потврдени и 6GB RAM. Како и да е, тестирањата потврдија постоење на уште една верзија со 4GB RAM. Кај двете ќе бидат присутни 64GB меморија. 

Во однос на дизајнот, задниот дел на Mate 20 Lite наликува на минатогодишниот Mate 10 Porsche Design, благодарение на дуалниот систем камери и скенерот за отпечатоци. Од предната страна, Mate 20 Lite ги следи стапките на најновите смартфони на Huawei, со својот висок 19:9 панел и iPhone X дизајн.

Сега за сега, сеуште не е познато кога Huawei планира да ги претстави своите нови уреди, но ги очекуваме некое време во октомври. 

Huawei Mate 20 Lite benchmark confirms processor and 4GB of RAM variant


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.